Со новата стратегија на брендот, компанијата има за цел активно да комуницира со корисниците од сите генерации и локации“, навдуваат од LG
LG го менува својот визуелен идентитет и бренд стратегија. Вчера го претставија своето ново лого, кое сега има минималистички, „порамен“ изглед и посветла црвена нијанса, LG Active Red, а сè со цел да им се допадне на помладите корисници.
„Силната, доследна стратегија на брендот ни овозможува подобро да ја пренесеме нашата понуда и идентитет. Со имплементирање на нова стратегија на брендот, LG има за цел да стане бренд кој резонира со потрошувачите и ги надминува генерациите и локациите“, рече извршниот директор на LG Electronics, Вилијам Чо.
Карактеристичниот слоган на LG, „Life’s Good“, ќе се користи низ палетата на компанијата и тоа во сосема нов фонт. Како што истакнува јужнокорејскиот производител, со оваа промена сакаат да постигнат „подинамичен и помладешки“ изглед.