Како што се приближува датумот на објавување на Xiaomi 13 Ultra, почнуваат да пристигнуваат и официјални информации, а компанијата откри детали за сензорите на сите четири камери.
Xiaomi 13 Ultra во најголем дел успеа да остане под радарот на ловците на информации, па во изминатите неколку месеци беа откриени само некои основни спецификации. Така, покрај деталните дизајни, дознавме и дека уредот ќе има четири камери на задната страна, како и дека ќе го задржи 1-инчниот Sony IMX989 сензорот од 50 MP на главната камера што ја имаше претходниот Xiaomi 12s Ultra.
Сега самиот Xiaomi откри што можат да очекуваат купувачите на уредот во однос на другите камери. Во објава на официјалната страница на Weibo, што ја пренесе популарниот портал GSM Arena, компанијата најави дека покрај главниот сензор од 50 MP Sony IMX989, ќе има уште три Sony IMX858 сензори од 50 MP Објаватa нагласува и некои карактеристики како што се напредно намалување на шумот и подобрени способности.
Веќе го видовме сензорот Sony IMX858 во акција на Honor Magic5 Pro зад телефото портрет објективот. Xiaomi 13 Ultra ќе го користи овој сензор за ултрашироката (со автофокус за откривање фаза), 3x телефото и 5x телефото камерата.
Севкупно, се чини дека Xiaomi 13 Ultra не само што ќе има подобар хардвер, туку и ќе нуди поголема флексибилност во однос на камерите, па затоа ќе биде многу интересно да се види оваа комбинација во пракса. За среќа, за тоа нема да чекаме уште многу, бидејќи се очекува телефонот да биде објавен на 18 април.