Google Chrome станува побрз, компанијата тврди до 30 проценти, но не се заборавени ниту корисниците на послабите телефони и компјутери.
Google Chrome е еден од најпопуларните веб-прелистувачи во светот, а тимот зад него постојано се обидува да ги подобри неговите перформанси. Во неодамнешниот блог пост, компнијата открива неколку начини на кои Chrome добил значително забрзување.
Google наведува дека подобрените перформанси се постигнуваат преку бројни оптимизации на кодот на прелистувачот. Тие вклучуваат подобрување на начинот на кој Chrome го користи JavaScript, програмски јазик кој многу често се користи во веб-апликациите. Google тврди дека овие подобрувања направиле JavaScript да работи до 30% побрзо на Mac и Android уредите.
Покрај гореспоменатите оптимизации, Google направи промени и во начинот на кој Chrome ја користи достапната меморија. Компанијата посочува дека овие промени резултирале со значително намалување на искористената меморија на Mac и Android платформите.
Ова значи дека Chrome ќе работи многу помазно на уредите со ограничена RAM меморија, како што се постарите мобилни телефони или послабите компјутери. Ова е документирано со резултатот од алатката за бенчмарк на прелистувачот Apple Speedometer 2.1, која покажа забрзување од 10% во споредба со верзијата од пред три месеци благодарение на новите функции и подобрената компресија.
Овие подобрувања на перформансите беа овозможени со напредокот во хардверските и софтверските технологии, што и овозможи на компанијата поефикасно да го оптимизира кодот на Chrome. Google тврди дека ќе продолжи да ги подобрува перформансите, бидејќи целта е да обезбеди најдобро можно искуство во интернет прелистувањето на за корисниците на Chrome.