Повеќе од сто кинески научници и истражувачи неодамна се состанаа на конференција во централниот кинески град Вухан за да разговараат за можноста за градење на Месечината, објавија кинеските медиуми.
Динг Лиејун, експерт од Кинеската академија за инженерство, рече дека развиваат роботи наречени „кинески суперѕидари“ кои би можеле да произведуваат тули од лунарната почва, пишува Changjiang Daily.
„Изградбата на живеалиште на Месечината е неопходна за долгорочни истражувања кои секако ќе се реализираат во иднина“, рече Динг, признавајќи ги краткорочните тешкотии со овој проект.
Роботот со задача да произведува „месечеви цигли“ ќе биде лансиран со кинеската мисија Chang’e-8 околу 2028 година, најави кинески експерт. Тој додаде дека целта е да се донесе првиот примерок од почва од далечната страна на Месечината до 2025 година.
Кина претходно врати примерок од почва од блиската страна на Земјиниот сателит во мисијата Chang’e-5 во 2020 година. Пекинг сака кинеските астронаути да поминуваат повеќе време на Месечината кога ќе воспостават база таму.