Android 14 конечно ќе им овозможи на корисниците да ги менуваат известувањата на цел екран што се појавуваат кога ќе добијат повик, аларм или потсетник
Android оперативниот систем генерално има многу робустен систем за известување, нудејќи голем број различни формати и опции, но многу корисници сметаат дека некои доста иритираат, особено нотификациите преку цел екран. Се чини дека Android 14 ќе ни овозможи да го промениме тоа.
Новинарот Мишал Рахман откри дека во претстојниот мобилен оперативен систем на Google, постои опција за прилагодување дали апликацијата може да испрати известување на цел екран.
Известувањата на целиот дисплеј често се користат за аларми, телефонски повици, видео повици во WhatsApp и др. Но, Рахман забележува дека сега и давате дозвола на апликацијата да ви испраќа такви известувања во моментот кога ќе ја инсталирате, а немате опција да ја промените подоцна, пишува Android Authority. Android 14 ќе ви овозможи да ја повлечете дозволата за известувања на цел екран во секое време по инсталирањето на одредена апликација.
Mini Android 14 feature spotlight:
You can now control whether apps can send you full-screen notifications!
This is done by going to Settings > Apps > Special app access > Manage full screen intents, as shown in these screenshots. pic.twitter.com/3pNPrDJ1zT
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) April 13, 2023
Кога ќе ја оневозможите оваа дозвола, известувањето што порано се појавуваше на цел екран се претвора во стандардно известување за Android.
Оваа функција сега се наоѓа во поставките на оперативниот систем Android 14: ПSettings > Apps > Special app access > Manage full screen intents.
Јасно е дека ова не е најголемата промена на светот, но секако е добредојдена за сите оние на кои не им се допаѓа што некои известувања одеднаш им го окупираат целиот екран, без опција да направат нешто околу тоа.