Ако може да им се верува на најновите гласини, Samsung S24 Ultra може да има една камера помалку
Држејќи се до практиката што ја започна во 2021 година, Samsung досега ги лансираше Ultra моделите во својата Galaxy S линија со четири задни камери, од кои две се телефото – 3x телефото заедно со 10x телефото со перископ. Сепак, според последните гласини, пренесени од досега сигурниот извор на информации, ©Ice universe, таа практика би можела да се промени следната година со објавата на моделот S24 Ultra.
Дојавувачот Ice Universe тврди дека Samsung ќе го отстрани 3x телефото објективот од моделот Galaxy S24 Ultra и го ќе го „спои“ во телефото камерата со перископ. Иако не навлегува во повеќе детали, Ice universe вели дека S24 Ultra моделите нема да имаат специјална 3x телефото камера, туку ќе имаат променлива телефото со зум од 3x до 10x, пишува GSM Arena.
Причината може да биде тоа што телефото камерата на S24 Ultra уредите може да ја заврши работата на двете камери за зумирање што ги имаме кај сегашната серија S23 Ultra. Таквата камера може да понуди подобар квалитет на сликата со променлив опсег на зумирање од 4x, 5x, 6x и до 9x.
Друга можност е Samsung да има доволно доверба во својата примарна камера од 200 MP за 3x дигитален зум, што би било добар како оптичкиот. Во секој случај, една камера помалку на задната страна на телефонот може да значи подобар дизајн на телефонот.