Неодамна лансираната сонда Juice испрати неколку одлични фотографии од Земјата веднаш откако тргна на своето осумгодишно патување кон Јупитер.
Првите фотографии се направени набрзо по лансирањето на 14 април, а станува збор за мисијата наречена Jupiter Icy Moons Explore, која ја води Европската вселенска агенција (ESA). Леталото беше лансирано со помош на ракетата Ariane 5 од Европското вселенско пристаниште во Француска Гвајана.
Една од првите фотографии го покажува моментот кога сончевата низа на вселенското летало се отвора во темен простор. Сите фотографии се лесно обработени за да бидат попривлечни за гледање, а создадени се за тестирање на камерите на сондата, кои фотографираат со резолуција од 1.024 x 1.024 пиксели. Овие камери се специјално опремени за снимање на различните фази од развојот на оваа историска мисија и ќе бидат оперативни за време на прелетувања на Месечината, Земјата и Венера.
Додека едната камера е поставена на предната страна на леталото, другата е на горната страна и во наредните денови ќе го снима откривањето на радарската антена на сондата што се користи за истражување на ледените месечини. Оваа антена е долга 16 метри. Патем, овие радарски антени се дизајнирани да навлезат и да истражуваат што се крие под ледената површина на Месечината. Што се однесува до гореспоменатите камери, тие се користат само за следење, додека научнo пософистицираните се дизајнирани да прават фотографии со висока резолуција и ќе се користат за фотографирање на Јупитер и неговите месечини во 2031 година.
Целта на мисијата Juice е да ги истражи и проучува трите месечини на Јупитер, односни Европа, Ганимед и Калисто.
„Juice ќе го следи сложеното магнетно, радијациско и плазматско опкружување на Јупитер и неговата интеракција со месечините, проучувајќи го системот на Јупитер како архетип за гасни гигантски системи низ универзумот“, соопшти ESA.
Вселенското летало е опремено со специјализирани алатки како далечинско мерење, геофизички и други инструменти.
Научната заедница е возбудена поради мисијата Juice и ќе биде интересно да се види какви фотографии и откритија ќе понуди оваа мисија во наредните месеци и години.