iOS 17 ќе им овозможи на корисниците на iPhone да преземаат апликации надвор од App Store, што би значело дека програмерите исто така ќе можат да ја избегнат провизијата од 15-30% на Apple
Законот на Европската унија за дигитални пазари (DMA), кој стапи на сила на 1 ноември 2022 година, бара од компаниите кои досега биле многу затворени да ги отворат своите услуги и платформи за други компании и програмери, вклучително и iOS 17 на уредите на Apple.
Оваа промена, инаку позната како sideloading, ќе им овозможи на корисниците да преземаат апликации без да мора да ја користат App Store продавницата, нешто против што Apple енергично се бореше. Ова исто така би значело дека програмерите потенцијално ќе можат да ја избегнат провизијата од 15-30% што Apple ја наплаќа во својата продавница за апликации.
DMA ќе има големо влијание врз платформите на Apple и може да доведе до тоа Apple да направи големи промени во своите услуги и сервисите како што се App Store, FaceTime или Siri. Apple планира да го имплеменетира sideloading за да се усогласи со европските регулативи до следната година, наведува Bloomberg.
Apple тврдеше дека sideloading ќе ја „поткопа приватноста и безбедноста“ на кои се потпираат корисниците на iPhone, оставајќи ги корисниците ранливи на малициозен софтвер, измами и други проблеми. Сепак, Apple ќе мора да ги усогласи своите деловни практики со правото на ЕУ или ќе ризикува казни до 20 проценти од својот глобален приход.
Во извештајот од декември 2022 година, Гурман рече дека Apple размислува за имплементирање на безбедносни барања како што е верификација, процес за кој може да наплатува надомест наместо провизијата што вообичаено ја зема од App Store. Apple веќе има систем за верификација на Mac компјутерите кој им овозможува на корисниците да бидат безбедни кога преземаат апликации надвор од Mac App Store.
Ако другите земји воведат слични закони, алтернативните продавници за апликации би можеле да се прошират надвор од границите на Европската унија. На пример, САД исто така ја разгледуваат легислативата што ќе бара од Apple да дозволи преземање апликации надвор од својата App Store.