Google на 10 мај, во рамките на I/O конференцијата ќе го претстави својот прв телефон со преклопен екран – Pixel Fold, како и буџетскиот модел Pixel 7a
Иако најверојатно уредите ќе бидат објавени заедно, датумите на нивната продажба значително ќе се разликуваат, како и нивните цени. Според веб-страницата 9to5Google, Pixel 7a ќе биде достапен во продавниците на 11 мај по цена од 499 долари, додека за Pixel Fold ќе треба да почекаме уште малку, поточно до 27 јуни.
Pixel 7a ќе биде достапен во четири бои: црна, бела, сина и розова, а последната ќе биде ексклузивна за Google Store. Во споредба со Pixel 6a, зборуваме за зголемување на цената од 50 долари. Интересно е тоа што Google нема да го повлече стариот модел кога новиот ќе излезе во продажба. Се претпоставува дека тоа значи дека може да има благ пад на цените почнувајќи од 10., мај, но во моментов тоа е само шпекулација.
Google Pixel 7a
Charcoal, Snow, Sea (light blue), and Coral (Google Store only)Announcement: May 10, available for purchase immediately
6a will not be discontinued.
— jon prosser (@jon_prosser) April 17, 2023
Се шпекулира дека Pixel 7a ќе пристигне со нова главна камера од 64 MP заедно со ултраширока камера од 13 MP, Tensor G2 чипсет, дисплеј од 90 Hz и поддршка за безжично полнење.
Секако, за сите нас кои живееме во Македонија и земјите каде што Pixel телефоните (се уште) не се продаваат, оваа информација е важна само доколку планираме да нарачаме нови телефони преку роднини во странство.
Google Pixel Fold
На другиот крај од понудата на Google, Pixel Fold ќе чини 1.799 долари. Нарачките и преднарачките ќе започнат на 10 мај преку Google Store, а на 30 мај од мобилните оператори. Сепак, дури и да го нарачате тогаш, тој нема да биде достапен до 27-ми јуни.
Иако е многу важен како телефон, а треба да донесе многу новитети како што е најнапредниот OLED панел на пазарот, но и сериозна тежина, флексибилниот смартфон на Google е многу поважен поради софтверот. Имено, сите сопственици на паметни телефони со флексибилни екрани имаат проблем со апликации кои не се доволно добро оптимизирани за работа со две големини на екранот на еден уред. Samsung отиде најдалеку, а Fold и Flip телефоните имаат најмалку такви грешки, но некои од нив сè уште се присутни.
Токму затоа се очекува Google со својот телефон со преклопен екран навистина да се справи со придружниот софтвер кој засега и натаму не пружа премиум перформанси и атмосфера каква што се очекува од уред со цена блиску до 2000 евра.