Samsung на настанот Fuorisalone во склоп на Milan Design Week 2023 ја претставува својата одржлива и поврзана филозофија на дизајнот насочена кон животниот стил на корисниците
Компанијата Samsung Electronics ја претстави својата одржлива и поврзана филозофија на дизајнот насочена кон животниот стил на корисниците, со отворање на изложбата „Bespoke Home, Bespoke Life“ во склоп на настанот Fuorisalone, кој е дел од познатата Milan Design Week 2023. Од 17 до 23 април, посетителите на изложбениот салон на Samsung ќе имаат можност да ги истражат најновите Bespoke Home апарати за домаќинство кои ги задоволуваат потребите на корисниците, додека истовремено го збогатуваат нивниот уникатен животен стил.
Овогодинешниот изложбен салон во прв план ги става напорите на Samsung во поглед на одржливоста, истакнувајќи голем број нови и возбудливи соработки. Покрај приказот на тоа како Samsung придонесува за одржливост во текот на целиот животен циклус на производот при тоа збогатувајќи го животниот стил на корисниците со супер поврзани уреди, штандот вклучува и динамична изложба на Seun Seungji Moon и Hosuk Jang, познати корејски lifestyle дизајнери. Оваа изложба ги истакнува новите limited-edition Bespoke панели во соработка со TOILETPAPER, креативното студио со седиште во Милано.
„Bespoke Life што го прикажуваме како дел од настанот Fuorisalone 2023, ја претставува следната еволуција на Bespoke визијата која што ја проширува персонализацијата на целиот дом на корисникот. Живеејќи го ‘Bespoke Life’, корисниците можат да го дизајнираат својот дом не само според нивните уникатни желби, туку и според нивните вредности, што ќе им овозможи да уживаат во персонализиран, поврзан и одржлив животен стил“, рече Ik Soo Choi, EVP и раководител на Тимот за продажба и маркетинг во Digital Appliances Business одделот на Samsung Electronics.
Од производство до рециклирање, одржливост за подобра планета
Визијата на Samsung за одржлива иднина која вклучува одржливост во повеќе аспекти од секојдневниот живот, станува јасна за секој посетител низ целото искуство “Bespoke Home, Bespoke Life”.
Првата изложба со која се среќаваат посетителите е создадена од Seungji Mun, ценет уметник познат по својот минималистички, еколошки освестен индустриски дизајн. Насловена како „We Breathe “, изложбата ги поставува производите како Bespoke AI машина за перење и машина за сушење алишта и Bespoke BMF¹фрижидер, во простор составен главно од рециклирани материјали како што се фрлена пластика² и рибарски мрежи. Оваа изложба ги прикажувате уреди како „спијат“ додека штедат енергија преку прикажаната SmartThings energy-saving технологија.
Изложбата „Everyday Sustainability“ ги истакнува напорите на компанијата Samsung за поддршка на одржливоста во текот на целиот животен циклус на производот. Од производство и дистрибуција до употреба и одложување на истите, Samsung продолжува да ја зајакнува еколошката свест во секој аспект од своето работење. Ова вклучува намалување на употребата на ресурсите и емисиите на јаглерод диоксид³за време на процесот на набавка, осмислува еколошки пакувања за дистрибуција, па сé до имплементација на иновативна технологија за заштеда на енергија за време на фазата на употреба, со што им го олеснува на корисниците рециклирањето на уредите по завршувањето на нивниот животен циклус.
Подобар, попаметен животен стил преку поврзување со уреди
Покрај истакнувањето на клучните иновации кои ги надополнуваат одржливите вредности на корисниците, изложбениот салон на Samsung ги нагласува и можностите на платформата SmartThings да го трансформираат начинот на кој корисниците можат да комуницираат со своите уреди создавајќи уникатни искуства и чувство на спокој во нивниот поврзан свет.
Изложбата Connected Experience ги истакнува видовите на беспрекорни и интуитивни искуства овозможени со комбинирање на хипер-поврзаноста на Bespoke уредите со автоматизацијата на платформата SmartThings. Оваа интерактивна изложба демонстрира како напредните услуги на платформата Samsung SmartThings – вклучувајќи ги тука опциите за SmartThings Cooking, Clothing Care, Energy, Air Care Pet Care и Home Care – ги поедноставуваат рутините на корисниците и ги прават секојдневните задачи во домаќинството попрактични. Особено е истакнато како SmartThings решенијата за заштеда на енергија им помагаат на корисниците да управуваат со нивната потрошувачка на енергија и да ги намалат емисиите на јаглерод и висината на сметките.
Ова вклучува заштеда до 15% за компатибилни фрижидери, до 20% за компатибилни климатизери и до 70% за компатибилни машини за перење кои работат во режимот AI Energy Mode со Ecobubble™ технологија ⁴.
Одејќи и чекор понатаму, SmartThings Energy управува со производство на енергија и заштеда во целиот дом, овозможувајќи ја вистинската визија за „Net Zero Home“. За таа цел, Samsung ги проширува партнерствата со европските енергетски компании, како што се „SMA Solar Technology“ и „PASSIV“.
Искусете ја врвната персонализација преку Bespoke дизајнот
Соработките кои Samsung ги претстави на настанот Fuorisalone 2023 ги редефинираат границите на Bespoke дизајнот. Овој напредок во партнерството и дизајнот ја потврдува посветеноста на Samsung да им понуди на своите корисници врвна персонализација.
Дизајнерската зона во изложбениот салон на Samsung се заокружува со впечатливата изложба на познатиот дизајнер Hosuk Janga наречена „Framed“. Презентирајќи естетика што ја спојува филозофијата на Bespoke дизајнот со онаа на Европскиот друштвен клуб, изложбата „Framed“ паметно ги вградува рамките на уметничките слики во дизајн за панелите на Bespoke фрижидерот. Како резултат на тоа, изложбата ги поттикнува посетителите да визуелизираат како да ја изразат својата уникатност и да го персонализираат својот ентериер со Bespoke уредите.
Дизајнерската зона вклучува и Bespoke галерија која ги повикува посетителите да ја искусат персонализацијата на нивниот фрижидер користејќи ја опцијата MyBespoke⁵, прикажувајќи limited-edition панели за фрижидери дизајнирани во соработка со TOILETPAPER креативното студио и списание. Bespoke колекцијата TOILETPAPER вклучува четири уникатни дизајни: DESSERT TABLE, LIPSTICKS, MIRROR и ROSES.
Изложбениот салон на Samsung на настанот Fuorisalone 2023 се наоѓа во Artpoint Superstudio, на адреса Via Tortona 27, во Милано. За повеќе информации за изложбите, посетете ја службената веб страница Fuorisalone 2023.