„Технологијата секогаш ни овозможуваше да ги забележиме моментите и да им се вратиме“, изјави главниот програмер на апликацијата.
Памeтењето е една од најрадосните и најболните способности на човечките суштества. Технологијата напредувала многу за да ни помогне да ги зачуваме најубавите спомени, но гледањето домашни видеа не е исто како и доживувањето на вистинскиот момент.
Ендрју Р. Мекхју се надева дека ќе ја затвори оваа празнина со нова апликација наречена Wist која ветува дека ќе им овозможи на корисниците да снимаат видеа на нивните телефони и да ги трансформираат во 3Д-видеа што можат да се гледаат на телефон со опција за проширена реалност или алатка за виртуелна реалност.
Мекхју, извршен директор и коосновач на апликацијата, објаснил дека апликацијата треба да предизвика чувство на копнеж и сеќавање.
„Мојата баба почина кога бев во средно училиште. Имам некои спомени од тоа време, но не се сеќавам многу добро. Имаме неколку фотографии и видеа, но не е исто како да сум таму… и таа никогаш не го запознала моето дете“, вели Мекхју.
Your memories — how you remember them pic.twitter.com/eRwIK6xYTF
— Wist: Immersive Memories (@WistLabs) February 21, 2023
Неговата апликација има цел да го промени тоа и да овозможи вечно чување на спомените во 3Д-верзија. На Twitter беше споделено видео кое прикажува како функционира апликацијата. Додека многумина го сметале за интересно или футуристичко, други коментирале дека е дистописко и ги потсетува на серијата Black mirror.