Четботот на Snapchat под името My AI пристигнува до сите корисници ширум светот, соопштено е во текот на Snap Partner Summit.
My AI претходно беше ексклузивен за претплатниците на Snapchat+, кога вештачката интелигенција беше лансирана претходно оваа година. Алатката ја користи ChatGPT технологијата на OpenAI, но е дизајнирана да реагира како личност која праќа пораки на пријател. Сега, My AI ќе биде достапна за сите корисници на Snapchat без разлика дали се претплатници или не.
Глобалниот маркетинг на чeт-ботот My AI е исто така обележан со некои нови можности. Тие ја вклучуваат можноста за додавање на четботот во групни разговори, можност за барање предлози за места за посета или истражување со помош на Lens, како и испраќање Snaps и добивање одговори во разговорот.
Корисниците ќе можат да го именуваат својот четбот со вештачка интелигенција и да го модифицираат аватарот на Bitmoji за него, односно да изградат виртуелен придружник за себе. My AI ќе има искра покрај своето име во групните разговори за да се разликува од луѓето, така што не мора да се грижите дали некој мисли дека стекнал нов пријател.
Иако My AI веќе не е „резервиран“ за корисниците на Snapchat+, тие сепак ќе добијат интересни дополнителни функции. Одговорите на четботот на Snaps првично ќе бидат базирани на текст, но Snapchat планира да имплементира фотографии генерирани од вештачка интелигенција за претплатниците на Snapchat+. На пример, кога корисникот ќе испрати Snap од тикви, My AI може да одговори со фотографија од супа од тиква.
За да се спречи злоупотреба, постојат правила кои забрануваат порнографија и голотија во сексуален контекст. My AI ќе ја земе предвид и возраста на корисникот, така што неговите одговори се соодветни.