Acer претстави голем број нови преносни компјутери, а меѓу нив и обновениот модел Swift X 16. Се работи за лаптоп кој нуди 16-инчен екран со избор помеѓу IPS и OLED панели и резолуција од 2560 x 1600 пиксели или 3200 x 2000 пиксели.
Компјутерот е базиран на процесорот AMD Ryzen 9 7940H, кој работи на Zen 4 архитектурата и има вграден графички акцелератор Radeon 780M. Постојат различни опции, бидејќи можете да изберете повеќе чипови до Ryzen 5 7735H, но и GeForce RTX 3050 или GeForce RTX 4050 видео картички.
Лаптопот се одликува со батерија со капацитет од 76 Wh, 16GB LPDDR5 RAM и до 2TB SSD. Конструкцијата е дебела 17,9 мм и тежи приближно 1,9 кг. Тракпадот е проширен за 33 проценти, а покрај ова има и подобрување на протокот на воздух за 36%.
Меѓу достапните портови се HDMI 2.1 и два USB 4.0, како и читач за отпечатоци. Се очекува обновениот модел да биде лансиран по цена од 1600 евра.