Најголемата ракета некогаш направена, Starship на SpaceX драматично експлодира само неколку секунди по лансирањето
SpaceX ја лансираше Starship, најголемата и најмоќната ракета некогаш изградена, која набргу потоа – експлодираше.
Ракетата успешно ја напушти лансирната рампа во Тексас, но двата дела на леталото не успеаја да се разделат според планираното. Набргу потоа, тие експлодираа во воздух, оставајќи драматичен облак на небото.
Тоа беше прв пат некогаш да биделансирана „целосно интегрирана“ верзија на Starship – со горниот дел од леталото прикачен на „Super Heavy“ засилувачот со гориво. Заедно, тие се најголемата и најмоќната ракета некогаш направена, со двапати поголем потисок од ракетата saturn V што го однесе човештвото на Месечината.
Во серија твитови, директорите на програмата SpaceX рекоа дека ќе научат од овој тест и дека „успехот доаѓа од она што го учat од ситуации како оваа“.
Starship is the largest, most capable rocket ever developed and will allow us to achieve a shared vision of a future where humanity is out exploring stars → https://t.co/gOrrujHxMO pic.twitter.com/pmrpmivsWZ
— SpaceX (@SpaceX) April 20, 2023
„Како самото тестирање на летот да не беше доволно возбудливо, Starship брзо и непланирано се распадна пред вистинската процедура за одвојување“, се вели во соопштението.
„Тимовите ќе продолжат да ги прегледуваат податоците и да работат на нашиот следен тест лет.
„Со ваков тест, успехот доаѓа од она што го учиме, а денешниот тест ќе ни помогне да ја подобриме веродостојноста на Starship во напорите на SpaceX да го направи животот мултипланетарен“.
„Честитки до целиот тим на SpaceX за возбудливиот прв интегриран тест за летот на ракетата Starship!
Congrats @SpaceX team on an exciting test launch of Starship!
Learned a lot for next test launch in a few months. pic.twitter.com/gswdFut1dK
— Elon Musk (@elonmusk) April 20, 2023