Постојат индикации дека Motorola оваа година ќе објави два смартфони со екрани на преклопување, од кои едниот ќе биде попристапен. Во меѓувреме, веќе ги имаме првите официјални податоци во оваа насока.
Преку својот профил на кинеската социјална мрежа Weibo, компанијата сподели тизер видео со порака дека следниот Razr пристигнува наскоро. Се споменува и зголемена стапка на освежување, што може да значи 144 херци. Малку подоцна се појави и кратко видео на кое се гледа силуетата на телефонот.
Сосема е веројатно главниот екран да има дијагонала од 6,7 инчи и Full HD+ резолуција. Меѓу другите параметри, се очекува Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет, како и батерија со помал капацитет од 2850 mAh.
Можно е да видиме поголем помошен екран, но сè уште не е јасно како ќе се вика уредот. Најверојатно ќе го носи името Razr+ 2023, Pro или Ultra.