Lemon8 е нова социјална мрежа која последниве недели е исклучително популарна во САД.
Таа досега била инсталирана над 650.000 пати и е една од најпреземенуваните апликации на телефоните на Apple. Сопственикот на оваа апликација е сопственик и на TikTok, но двете социјални мрежи се разликуваат. На Lemon8 може да се објавуваат и фотографии, покрај видеа.
Таа се опишува како комбинација од Instagram, TikTok и Pinterest, а во фокус се теми од областа на модата и убавината.
Како и TikTok, таа има дел каде што се појавуваат персонализирани објави. Апликацијата овозможува и пишување мали текстови.