Научници од Хонгконг откриле нов отровен вид на медуза во матно езеро во резерватот Маи По, а има тело помало од два сантиметри и три пипки.
Научниците од Хонгконг откриле нов отровен вид на медуза која има 24 очи, Необичната медуза е пронајдена во матно езеро во резерватот Маи По, а има тело помало од два центиметри и три пипала кои имаат завршетоци како весли, па можат да пливаат побрзо од останатите медузи.
Нејзините 24 очи се поделени во четири групи од по шест, а во секоја група очи научниците веруваат дека две од нив имаат леќи, кои овозможуваат формирање на слика, додека останатите четири можат само да почувствуваат светлина.
„Новиот вид го нарековме Tripedalia maipoensis по местото каде што е прв пат пронајден. Иако моментално е познат само во Маи По, веруваме дека овој вид исто така е распространет и во соседните води на устието на Бисерната река“, рекол професорот од Отсекот на биологија Киу Јианвен.
Новиот вид е сличен на оние пронајдени во подрачја како Јамајка, Флорида, Сингапур, Австралија и Индијам, а слабо е познат во кинеските води.
„Таканаречените кутиести медузи се мала група, а постојат само 49 пријавени видови во целиот свет. Нашето откритие на Tripedalia maipoensis во Маи Поу, релативно добро проучено подрачје во Хонгконг, го покажува богатиот биодиверзитет во водниот живот во Хонгконг, па дури и во цела Кина“, истакнува професорот.
Истражувањето за новиот вид е објавено во меѓународното академско списание „Zoological Studies“. Медузата го добила името по природниот резерват Маи По, кој е препознаен како „Мочуриште од меѓународно значење“.