Неодамнешните археолошки ископувања во Египет доведоа до откривање на мумија која датира од пред околу 4.300 години, што ја прави најстарата мумија пронајдена во светот досега.
Откритието е направено во близина на пирамида во Сакара, на околу 30 километри од Каиро. Ова откритие претставува и важно археолошко богатство и уникатен прозорец во животот и погребните обичаи на древните Египќани.
Гробницата е пронајдена во ископување длабоко 15 метри во близина на скалестата пирамида во Сакара. Овој археолошки локалитет е светско наследство на УНЕСКО, дом на повеќе од десетина пирамиди, гробници за животни и древни коптски христијански манастири.
„Египтолозите во близина на Каиро открија фараонска гробница во која се наоѓа веројатно најстарата и најкомплетната мумија откриена досега,“ изјави водачот на тимот за ископување. Мумијата, прекриена со злато, датира од пред 4.300 години.
Според археологот и поранешен министер за древни антиквитети Захи Хавас, ова е дел повеќе гробници на фараони од Петтата и Шестата династија.
Некои од пронајдените гробници се украсени со сцени од секојдневниот живот.
„Оваа мумија можеби е најстарата и најкомплетната пронајдена во Египет досега,“ изјави Хавас.
Mумијата му припаѓа на човек по име Хекашепс и била во саркофаг од варовник, запечатен во малтер.