Новиот извештај сугерира дека евтиниот дизајн и краткиот животен век на Chromebook уредите значи дека луѓето ги третираат за еднократна употреба, создавајќи куп електронски отпад
Chromebook уредите станаа составен дел на американските училишта од почетокот на пандемијата, но тие не се создадени да траат, што создава голем проблем со електронскиот отпад (е-отпад). Иако ова е познато подолго време, новиот извештај од образовниот фонд на американската група за јавен интерес (U.S. PIRG) конкретно истакнува колку е лошо што Chromebook уредите имаат ограничен рок на траење.
Во извештајот се забележува дека овие компјутери се произведени за да бидат евтини, што значи дека штом ќе се расипат или скршарт, речиси е невозможно да се поправат. Поради оваа причина, тие се одговорни за речиси девет милиони тони емисии на јаглерод диоксид само во текот на првата година од пандемијата.
Според организацијата, доколку се продолжи животниот век на Chromebook уредите, не само што би се намалиле штетните емисии, туку и даночните обврзници таму би можеле да заштедат 1,8 милијарди долари бидејќи нема да има потреба постојано да ги заменуваат, пишува Motherboard.
Скриени трошоци кои не се вклучени во цената
Chromebook компјутерите, се тврди во извештајот, доаѓаат со скриени трошоци кои не се вклучени во цената.Конкретно, пронаоѓањето резервни делови е речиси невозможно, дури и ако имате два уреди со практично ист дизајн.
У.С. PIRG укажа на многу мали разлики помеѓу куќиштата на Dell 11 3100 и Dell 100 3110, но нивните компоненти се некомпатибилни.
Покрај тоа, веб-страниците на производителите на делови често ги немаат овие производи. На пример, HP во својата продавница на делови продава само кабли за напојување и AC адаптери – со цена многу повисока од онаа што би ја нашле во малопродажбата. Комбинираната цена на овие делови е повеќе од половина од цената на нов лаптоп, се наведува во извештајот. Затоа за повеќето корисници, наместо поправка, поисплатливо е едноставно да купат нов Chromebook.
Соединетите Американски Држави немаат официјални оценки за поправка на уреди, нешто како што е Energy Star за потрошувачка на енергија. Така, U.S. PIRG ги анализираше резултатите од Франција, каде што има официјална анализа за поправка на уредите. Chromebooк компјутерите постигнаа 5,8 од 10 во Франција, што е многу под просекот (6,9 од 10) во споредба со другите лаптопи.
Chromebook уредите се дизајнирани да ја изгубат поддршката
Дури и ако некои уреди некако опстојуваат повеќе од неколку години, тие се дизајнирани да ја изгубат поддршката. Некои Chromebook уреди траат малку подолго – на пример, Google Pixelbook 2-во-1 уредотѕ, кој се продаваше од 2017 до 2020 година, ќе ја изгуби поддршката дури следната година. Сепак, многу од најевтините модели кои се особено атрактивни за училиштата (поради нивните ниски цени) имаат ефективен животен век од само една или две години пред уредот да престане да добива ажурирања на софтверот.
Бидејќи Chromebook уредите, како и MacBook, често се заклучени од администраторите, може да стане невозможно да се вратат во оптек, дури и со алтернативен оперативен систем како што е GalliumOS базиран на Linux, ефикасно претворајќи ги во бескорисен е-отпад.
У.С. PIRG препорачува Google да преземе чекори за решавање на овие проблеми со продолжување на периодот за ажурирање на софтверот на 10 години, но и да изврши притисок врз производителите да ја подобрат стандардизацијата и пристапот до заедничкиот хардвер.