Новите информации од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман откриваат дека за време на претстојната WWDC 2023 конференција за програмери (5 до 9 јуни), нема да има нов Mac Pro со процесорите на Apple. Сепак, таков компјутер би можел да биде најавен подоцна во текот на годината.
Исто така, следната генерација на Mac Studio најверојатно нема да вклучува чипови од М2 серијата. Целта е да не се ограничи продажбата на новиот Mac Pro, а во подоцнежна фаза компјутерот ќе се пресели директно на M3.
Гурман додава дека новиот 15-инчен MacBook Air ќе го вклучува М2 чипот и дека сосема е веројатно дека 13-инчниот модел прв ќе направи скок до M3.
Има новости и во врска со „in-air typing“ функционалноста. Ќе биде достапн во уредот за мешана реалност на компанијата, иако не е многу пријатно да се работи со нега. Покрај тоа, дури и следните генерации на уредот ќе го задржат траењето на батеријата до два часа.