Кога некоја Android апликација ќе престане да работи, корисникот нема баш многу опции, но тоа наскоро би требало да се промени.
Ако се открие апликација што престанува да работи, ќе постои опција за автоматско ажурирање. Тоа секако ќе се случи кога ќе има нова, постабилна верзија во Play Store. Корисникот ќе може брзо да го изврши ажурирањето кога апликацијата ќе падне.
Во овој случај, програмерите не треба да преземаат ништо. Предлозите за ажурирање автоматски ќе се појават кога ќе биде достапна нова, постабилна верзија.
Новата функционалност ќе работи и на постари уреди со Android 7.0 и понови верзии на оперативниот систем.