Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air, од мај во својата понуда ќе има нов модел на претплата. Патниците ќе можат да плаќаат паушал во период од шест месеци, а за возврат ќе можат да изберат по еден лет секој месец. во еден правец или враќање.
Моделот за претплата на Wizz Air MultiPass во моментов ќе биде возможен само на летови на домашни линии во Италија и меѓународни линии до Полска, а патниците ќе имаат четири опции на располагање – да изберат претплата што го вклучува само билетот, потоа моделот на билетот плус приоритетно качување, билет и куфер до 20 килограми или модел кој ги вклучува сите опции.
Како што пишува порталот Travelpuls, оние кои ќе се одлучат да се претплатат, првиот билет можат да го купат веднаш, со тоа што летот е најмалку пет дена од денот на купувањето. Претплатата мора да трае најмалку шест месеци и се обновува секој месец.
„Со ова патниците за фиксна цена добиваат одлична понуда за претстојната четна сезона, а истовремено не треба постојано да ги следат цените и да планираат патување многу порано за да добијат подобра понуда. Благодарение на претплатата патниците многу едноставно ќе можат да изберат лет за бизнис патување или за одмор“ велат од Wizzair.