Денот на планетата Земја, 22 април, вработените на Халкбанк го одбележаа со засадување садници во околината на филијалите на Банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово Шар, Ресен и Велес. На овој начин тиего зазеленија и разубавија просторот околу филијалите, истовремено придонесувајќи и за поубава и позелена средина во овие градови.
Како дел од одбележувањето на денот посветен на нашиот единствен дом – планетата Земја, беше направен и Giveaway на социјалните мрежи ибеа подарени растенија на најкреативните учесници.
Халкбанк која е препознаена како еко ориентирана банка, постојано посветува внимание на зачувување и заштита на природата и поттикнување и негување здрави животни навики и со низа акции придонесува за зголемување на зеленилото, како во урбаните средини, така и на други локации каде што тоа е потребно. Преку платформата ХалкЕко досега се засадени над 33.000 дрвја на повеќе локации во земјата, а во дел од овие акции учествуваа и вработените во Банката. Основа на платформата е истоимената апликација со која сите оние што пешачат, трчаат или возат велосипед, со поминатите километри во овие активности, придонесуваат Халкбанк да засади дрвја. И хронометар велосипедската трка ХалкВелоГрин која ја организира Банката е со цел поттикнување здрави животни навики, но и обзбедување нови садници бидејќи средствата од котизацијата за учество во трката се искористуваат за обезбедување нови дрвја.
Сите акции за засадување нови садници се и придонес на Халкбанк во рамките на коалицијата Priceless Planet чиј дел е Банката, која има за цел до 2025 година во светот да бидат засадени над 100 милиони дрвја. Коалицијата беше формирана од страна на Mastercard во јануари 2020 година, а во октомври истата година Халкбанк влезе во партнерство со оваа големата глобална иницијатива, со што стана и прва банка во регионот што се приклучи на оваа широка Коалиција.
Со сите еко акции и иницијативи Халкбанк настојува да додаде видлив отпечаток кон подобра, почиста и поздрава животна средина, но и да поттикне повисока одговорност кај секој чинител во општеството.