Овие денови се појавија нови податоци во врска со долгоочекуваниот уред за мешана реалност на Apple. Според новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, уредот ќе се потпира на надворешна батерија која може да се смести во џебот на корисникот.
Ќе има дизајн сличен на надворешната MagSafe батерија за iPhone, користејќи сопствен конектор за поврзување со уредотѕ. Се очекува да има кружен облик и да користи магнетна технологија, а другиот крај ќе биде вграден во батеријата.
Едно полнење најверојатно ќе обезбеди автономија до два часа, а можно е компанијата да продава и дополнителни батерии. Полнењето на батеријата ќе биде преку USB Type-C.
Самиот уред може да вклучува таков порт за податоци. Сосема е веројатно дека Apple ќе го претстави уредот за време на WWDC конференцијата за програмери, која ќе се одржи од 5 до 9 јуни.