Станува збор за делница долга 100 километри која ќе биде опремена со сензори и камери за следење на состојбата на патот во реално време
Сонот за автономни возила во секојдневниот сообраќај кои можат да функционираат без човечка интервенција е се поблиску до реалноста. Сепак, додека самата технологија се развива и минува низ период на транзиција, се појави нов проблем – несоодветна патна инфраструктура.
Во решавањето на овој проблем, најдалеку се отидени Јапонците, кои штотуку најавија ленти на автопатот наменети исклучиво за возила со напредна технологија за полуавтономно возење.
Според AsiaNikkei, дел од еден од најпрометните јапонски автопати кој ги поврзува Токио и Нагоја ќе биде одвоен за самоуправувачки камиони. Станува збор за делница долга сто километри, а целта е лентата да биде во функција во 2024 година.
Лентите за возила без возач ќе бидат опремени со 5G технологија, сензори и камери кои ќе ги следат состојбите на патот во реално време, а доколку се откријат предмети или други пречки на патот, возилата што се приближуваат ќе бидат предупредени да ја намалат брзината или целосно да застанат.
Иако во преден план се самоуправувачките возила, изградбата на посебни ленти е дел од плановите на локалната самоуправа која се соочува со сериозен недостиг од возачи.