Николаос Димитриадис, светски познатиот невронаучник и Мунавар Ахмед, предавач од Стенфорд, доаѓаат на HR.Weekend
Водејќи се според потребите на пазарот во изминатите неколку години, организаторите на Weekend Media Festival ги здружија силите со агенцијата Degordian и го создадоа HR.Weekend, фестивал кој со својот концепт веќе ја заинтригира модерната HR индустрија. Среде борбата за таленти и квалитетен кадар, работодавците денес мора да пронајдат начин како да се прилагодат на пазарот и да ги најдат и задржат најдобрите луѓе. Тоа е повеќе од доволна причина да се започне проект кој ќе биде специјализиран и ќе се занимава со проблемите на новото време. Така се роди HR.Weekend – фестивал наменет за сите HR професионалци, директори за човечки ресурси, работодавци и претставници на компаниите, како и за сите заинтересирани за создавање модерни практики за човечки ресурси.
„Weekend Media Festival е навистина одличен фестивал кој со години на едно место собира експерти од сите области. Сакавме да го интегрираме HR.Weekend, а не да го изолираме. Затоа, HR ќе биде испреплетено со сите други деловни индустрии и области, а сите посетители ќе можат да слушаат предавања и панели, без разлика од која индустрија доаѓаат“, вели Даниел Акерман, извршен директор на агенцијата Degordian.
Од 21 до 24 септември, HR.Weekend ќе опфати теми од состојбата на пазарот, кој претрпува бројни промени – Big Quit, Bursts of Tech Bubble, Market Shifting, се до прашањето дали овие промени се позитивни и како можеме да ги вклопиме во нашата работа или да ги одбегнеме. На програмата ќе се разговара и за менталното здравје, вклучување на странски работници, трансформација и зголемување на секторот за човечки ресурси, управување со таленти, генерациски разлики и бројни други теми.
На HR.Weekend доаѓа познатиот светски невронаучник и невромаркетер Николаос Димитриадис, кој има работено со речиси сите водечки светски компании и проучувано 5500 мозоци од различни земји за потребите на невромаркетингот. Д-р Димитриадис повеќе од петнаесет години ја применува невронауката во деловниот и образовниот сектор.
Мунавар Ахмед, предавачка по Лидерство, Етика и Професионална пракса на Факултетот за визуелни уметности и визитинг предавач на Стенфорд, ги учи искусните тимови како да постигнат успешни резултати, но и притоа да покажат човечност. Препознатлива е по градењето на многу успешни и уште поважно, среќни тимови од светот на банкарството, осигурувањето, здравственото осигурување, телекомуникациите, издаваштвото и трговијата на мало, кои освоија награди на светско ниво. На првиот HR.Weekend, Мунавар ќе опфати една од поважните теми во денешниот деловен свет – како и зошто компаниите треба да го променат своето работење доколку сакаат да привлечат вработени од Генерацијата Z и како тоа влијае на сите други генерации.
„HR.Weekend е новиот бренд на Weekend Media Festival. Создаден е откако на минатогодишното издание забележавме дека не е доволно да има само еден панел или предавање на тема човечки потенцијал, туку има простор да и се посветат целидва дена. HR трендовите се менуваат речиси секојдневно, а по разговорот со бројни актери од оваа сцена, сфативме дека има простор и потреба на пазарот, не само за HR фестивал, туку и за место за средба на HR и сите други гранки кои традиционално се дел од Weekend Media Festival“, вели Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival и агенцијата Peppermint.
Целта на фестивалот е да се иницира моменталната состојба на пазарот и да се преиспитаат воспоставените практики, како и да се слушнат искуствата на бројни експерти, панелисти и предавачи од целиот свет и регионот. Позитивните реакции на заедницата на најавата за овој фестивал ги надминаа очекувањата, нагласуваат организаторите агенцијата Peppermint и Degordian.
Многу компании веќе резервираа места за своите специјалисти за човечки ресурси, што потврдува дека концептот е добро прифатен и со нетрпение се очекува. HR.Weekend ќе стане централно место за развивање идеи, следење трендови, дружење и вмрежување и за вработените и за работодавците, сето тоа под капата на Weekend Media Festival, најголемиот регионален медиумски и бизнис фестивал.
Билетите за HR.Weekend моментално се достапни по early bird цена на веб-страницата https://hr.weekend.hr/ а сите новости можете да ги следите преку официјалните канали на FB, IG и LinkedIn.