-
Пријавувањето е отворено од 25-30 април, а натреварите започнуваат на 15 мај
-
Целта на натпреварот е поврзување на младите од Европа и од светот
Започнува втората сезона на Telekom eSports Championship, повторно во организација на Македонски Телеком, Хрватски Телеком и Црногорски Телеком. Оваа година, освен натпреварувачите од Македонија, Хрватска и Црна Гора, во натпреварувањето ќе можат да учествуваат и играчи надвор од Адрија регионот, односно од други држави во Европската Унија, Велика Британија и Швајцарија.
Пријавите се отворени од 25-30 април на esports.telekom.com а учесниците ќе се натпреваруваат во три игри: Counter-Strike: Global Offensive, FIFA23 и League of Legends.
Целта на овој турнир не е само играње видео игри, туку и поврзување на младите од Европа и светот, без разлика на културолошките разлики, земјите од кои доаѓаат и јазикот на кој зборуваат. Наспроти распостранетото мислење дека младите сè повеќе се повлекуваат онлајн поради новите технологии, Телеком преку овој натпревар сака да ги разбие предрасудите и да покаже дека е-спортот ги поврзува луѓето, поттикнува градење вештини, гради позитивни односи меѓу играчите и создава заедници со меѓусебно разбирање и поддршка.
Минатата година на турнирот учествуваа 1.366 натпреварувачи, а наградниот фонд изнесуваше 21.800 евра, колку што изнесува и оваа година. Турнирот започнува на 15 мај, а финалето ќе се одржи во Загреб на 10 јуни.
„Е-спортот не е само игра, туку заедница која ги поврзува младите, место каде се градат пријателства, стратегии и победи, и начин да се премостат сите граници. Искрено се надеваме дека Telekom Еsports Tурнирот ќе прерасне во традиција и предизвик за сите гејмери од регионот и пошироко.“ – изјави Радмила Димова, раководител за маркетинг комуникација и бренд.
Повеќе информации за Телеком eSport Championship можете да најдете на esports.telekom.com.