Според моментно познатите спецификации, преносната гејминг конзола на Asus, ROG Ally, би требало да биде посилна од Steam Deck на Valve
Компанијата Asus конечно го претстави конкурентот на Steam Deck – ROG Ally. Преносната гејминг конзола базирана на Windows 11 ја покренува Ryzen Z1 процесор на AMD со RDNA 3 графика, поврзан со 16 GB LPDDR5 RAM и 512 GB SSD простор за складирање што може да се прошири со microSD картичка.
За оптималната температура при играњето, заслужен е Zero Gravity системот на ладење на ROG, кој користи систем со двоен вентилатор и топлински цевки со високо триење. ROG Ally има 7-инчен Full HD 120Hz екран на допир кој доаѓа со поддршка за FreeSync Premium и максимална декларирана осветленост од 500 нита.
Од Asus наведуваат дека Windows 11 на ROG Ally може лесно да се контролира со помош на копчиња, џојстик и екран на допир и дека гејмерите можат лесно да пристапат до сите нивни видео игри и стриминг услуги. Кога станува збор за управувањето, од компанијата истакнуваат дека конзолата е направена со посебен акцент на ергономијата и дека тежи 608 грама.
Со претставувањето на ROG Ally, воведено е и специјално издание на Armory Crate интерфејсот, кое, меѓу другото, овозможува дополнително прилагодување на контролите, увид во деталите на видео играта што работи на конзолата и поддршка за Aura Sync. Останатите детали, како што се цената и капацитетот на батеријата, ќе бидат познати веќе на 11 мај.