Google Authenticator е една од најдобрите 2FA апликации, но поради недостаток на cloud бекап, еднократните лозинки (OTP) беа достапни само од еден уред
Cloud бекап е нова функционалност воведена од Google која ви овозможува да синхронизирате 2FA кодови со вашата сметка на Google, овозможувајќи ви да го користите Google Authenticator на повеќе уреди во исто време.
На својот Security блог, Google ја објави функцијата за резервна копија во облак како дел од големото ажурирање на апликацијата Authenticator, заедно со нова шарена икона, која сега одговара на изгледот на другите апликации на Google.
За оние кои сè уште не знаат за што станува збор, Google Authenticator е апликација која ви овозможува да генерирате еднократна лозинка (OTP) како дополнителен слој на заштита за сите ваши сметки. До вчера, OTP беа складирани целосно локално (на уредот), што значеше дека ако сте изгубиле пристап до уред со инсталирана апликација Google Authenticator, сте изгубивте цел слој на заштита во вашиот безбедносен синџир 2FA и едноставно можете да бидете заклучени надвор од сите сметки на кои сте имале активна двофакторска заштита преку апликацијата Authenticator.
Новата функционалност ја додава опцијата за креирање резервни копии на OTP-кодовите на вашата сметка на Google, така што ќе можете да пристапувате до нив од други уреди каде што сте најавени на апликацијата Google Authenticator. Но, ако сте конфигурирале 2FA на вашата сметка на Google, ќе треба да генерирате резервни кодови или да додадете телефонски број за враќање за таа сметка да има резервен начин за пристап до вашата сметка.
Google вели дека новата функција е веќе активна на Android и iOS платформите, но немаше известување за никакво ажурирање преку Play Store, така што претпоставуваме дека станува збор за регионално ажурирање, што значи дека Google ќе ја пушта функцијата регион по регион. Ако навистина не можете да чекате, секогаш можете да го преземете apk-фајлот преку една од страниците што овозможуваат преземање фајлови за инсталација, а не од официјалната продавница. Android ќе бара Google Authenticator v6.0 за пристап до новата функција, додека корисниците на iOS ќе треба да ja бараат v4.0 верзијата.