Моторола Razr+ ќе биде опремен со најголемиот екстерен дисплеј што некогаш е виден на телефон на преклоп.
Motorola Razr+ 2023 се очекува да биде претставен наскоро во Кина. Се шпекулира дека е опремен со најголемиот надворешен дисплеј на капакот на некој смартфон на преклоп. Генералниот директор на Lenovo Group во делот за бизнис мобилни телефони, Чен Џин ја откри информацијата на социјалната мрежа Weibo. Во својата објава, Џин двапати спомена „3,5 инчи“, но Motorola допрва треба тоа да го потврди. На интернет се појави официјален рекламен банер кој открива само дека екранот ќе биде поголем од 3 инчи, но точната дијагонала не е наведена.
Samsung треба да го претстави својот Galaxy Z Flip 5, а најверојатно тоа ќе се случи кон крајот на јули. Ако им се верува на гласините, тој ќе доаѓа со екран од 3,4 инчи. За споредба, Razr+ 2023 најверојатно ќе има малку поголем екстерен дисплеј. Иако 0,1 инчи не прават голема разлика, сепак изгледа дека Motorola ќе го има најголемиот екран.
Гласините околу претстојниот модел Razr+ 2023 велат дека уредот ќе пристигне на некои пазари под името Motorola Razr 40 Ultra. Засега, знаеме дека ќе има 6,7-инчен OLED дисплеј што се преклопува што нуди FHD+ резолуција и стапка на освежување од 144 Hz. Ќе го покренува Snapdragon 8 Plus Gen 1 чипот, во две комбинации со 8 или 12 GB RAM. Доаѓа со батерија од 3640 mAh и поддржува брзо полнење од 33 W. Телефонот ќе работи на Android 13 OS базиран на UX.