Коосновачот на Microsoft смета дека вештачката интелигенција ќе биде достапна за приватно подучување на голем број студенти, кои претходно тоа не можеле да си го дозволат
Бил Гејтс уште еднаш зборуваше за тоа како вештачката интелигенција (AI) ќе го промени светот на подобро и уверен е дека чет-ботовите во иднина ќе можат да ги учат децата да читаат и дури да ги развијат своите вештини за пишување, пренесува „interestingengineering“.
За разлика од него, Илон Маск не е уверен во брзината на усовршувањето на вештачката интелигенција, па дури и побарал мораториум на пуштање на нови производи.
Иако веќе е покажано дека „ChatGPT“ пишува песни и есеи, и дека може да мине низ стандардни тестови, Гејтс смета дека неговите можности ќе бидат понапредни во наредните 18 месеци.
Гејтс верува дека овие подобрувања, кои ниедна технологија досега не ги понудила, најпрво ќе нè шокираат бидејќи четботот ќе ја преземе улогата помошник за читање на истражувачите и дури и ќе пружи повратни информации за пишување.
„ChatGPT“ покажа импресивна способност да води разговори како човек и да дава одговори како нас. Ова се случи откако вештачката интелигенција научила самата да ги препознава и повторно да ги создаде човечките јазици, наместо да се потпира на код кој го напишале неговите креатори.
Гејтс додава дека вештачката интелигенција ќе го направи достапно приватното подучување на голем број студенти, кои претходно не можеле тоа да си го дозволат. Иако услугите како „ChatGPT“ доаѓаат со план за претплата, Гејтс мисли дека тоа и натаму ќе го направи приватното подучување поевтино од ангажирање на човечки инструктор.
Во текот на наредните 18 месеци Гејтс очекува дека четботот со вештачка интелигенција ќе стане уште подобар во комуникацијата и можеби дури и ќе стане помошник на наставници, пред конечно и самиот да стане учител за околу две години.
Коосновачот на „Microsoft“ очекува дека „AI“ ќе биде подобра во математички задачи во блиска иднина, иако моментално има тенденции да се мачи со некои основни калкулации.