Нов животински вод од семејството на инсекти е откриен на подрачјето на Неретва и го добил своето име по оваа река, објави Центарот за животна средина во БиХ. Во текот на минатогодишното истражување на горниот тек на реката Неретва откриен е инсект од фамилијата двокрилци (Diptera) и наречен е „Baeoura neretvaensis“.
Во тоа истражување учествувале 50 научници и на тоа подрачје е утврдено присуство на преку 1.300 животински видови. Меѓу нив осум се нови видови за науката, а досега е потврдена првата – Baeoura neretvaensis, додека за останатите седум сè уште се чека официјална потврда.
Професорката на Отсекот за биологија при Универзитетот во Загреб, Марија Ивковиќ, била дел од тимот на научници кои го откриле новиот животински вид.
„Тоа е вид која доаѓа во многу чистите и недопрени подрачја на реката Неретва и на уште некои локалитети на поширокиот западен Балкан“, рекла професора Ивковиќ.
Таа објаснила дека овој вид во главно е присутен на подрачјето на Медитеранот.
Владимир Топиќ, кој е координатор во Центарот за животна средина, изразил очекување дека поради биодиверзитетот и чистотата на водата, властите во БиХ ќе го прогласат горниот тек на реката Неретва за заштитено подрачје. Центарот за животна средина во БиХ е непрофитна, невладина и непартиска организација на професионалци и активисти посветени на заштитата и унапредувањето на животната средина.