По доста долго чекање, конечно знаеме кога ќе се одржи премиерата на следниот флегшип паметен телефон на Sony. Компанијата откри дека ќе го објави Xperia 1 V моделот на 11 мај.
Засега нема официјални информации за карактеристиките на уредот, но не недостигаат гласини и фотографии кои покажуваат како може да изгледа телефонот. Може да има малку изменет дел од главната камера, со отстранет ToF сензор.
Повторно ќе се базира на оптика од ZEISS, а во камерата можеме да го видиме 1-инчниот сензор Sony IMX989. Покрај тоа, ќе има и сензор со перископ леќа и прилагодлива бленда. Во однос на меморијата, се чини дека ќе има 12/16GB RAM и 256/512GB/1TB простор за складирање.
Во однос на чипсетот, се очекува Snapdragon 8 Gen 2, а што се однесува до екранот, можно е да биде користен познатиот панел со 4K резолуција и фреквенција од 120 херци. Батеријата веројатно ќе има капацитет од 5000 mAh.