Со адекватна веб-камера и мрежен опсег, некои корисници на Google Meet можат да постават Full HD резолуција на нивните видео повици
Google Meet ја доби долгоочекуваната поддршка за видео повици во Full HD резолуција. Лошата вест е, сепак, што оваа опција моменлно е достапна само за корисниците на Workspace и Google One, односно оние кои плаќаат претплата.
Имено, видео повиците во Full HD ќе бидат достапни само во веб-верзијата на Google Meet и ќе функционираат во зависност од тоа дали корисникот има камера со поддршка за таа резолуција и соодветен мрежен пропусен опсег. Во случај пропусниот опсег да е ограничен, Google автоматски ќе го прилагоди повикот на друга, поприфатлива резолуција.
„Новата висока резолуција стандардно е исклучена. Подобните корисници ќе бидат запрашани пред да влезат во повикот за новата 1080p опција или ќе можат да ја вклучат преку менито за поставки“, се објаснува на официјалниот блог на Google.