Постојат некои уреди кои генерираат голем интерес кај потрошувачите. Меѓу нив, секако, се и паметните телефони на Apple, а сега имаме нови компјутерски генерирани фотографии од претстојните iPhone 15 Pro уреди.
Сликите покажуваат дека смартфоните ќе продолжат да користи стандардни хардверски копчиња, а не SSD копчиња со ефект на вибрации. За разлика од претходните рендери, кои покажуваа едно подолго копче, и кај новиот модел ќе има посебни копчиња за зголемување и намалување на јачината на звукот.
Сепак, се чини дека ќе има значителна промена кај копчето за исклучување на звукот, кое ќе го замени познатиот слајдер. Копчето најверојатно ќе вклучува и дополнителна функционалност слична на Action button кај Apple Watch Ultra. Ова се однесува само на iPhone 15 Pro моделите, додека iPhone 15 и iPhone 15 Plus ќе го користат досегашниот слајдер.
Добрата вест е што испакнувањето на главната камера нема многу да се разликува од сегашната генерација, а новите рендери покажуваат дека iPhone 15 Pro моделите ќе имаат значително помали рамки околу дисплејот, додека целата iPhone 15 серија ќе користи USB-C порт наместо досегашниот Lightning приклучок.