Веќе подолго време има индикации дека Apple подготвува нова верзија на Apple Watch Ultra со microLED дисплеј. За жал, овој часовник може да се појави дури во втората половина на 2025 година, доколку се покажат оправдани податоците на аналитичарот Рос Јанг.
На тој начин, гласините за дебито на уредот оваа година во голема мерка се побиваат. Се разбира, овие претходни податоци понекогаш се актуелни за момент, но потоа реалноста се менува поради разниоте одложувања и промени на политиката на компанијата.
Очекувањата се дека Apple Watch Ultra ќе биде првиот уред на компанијата со microLED дисплеј. Потоа, Apple планира да ја претстави технологијата и на своите останати уреди.
.