Windows 10 22H2 ќе биде последната верзија на овој оперативен систем на Microsoft, а за ова можевме да дознаеме од блог пост на компанијата.
Во иднина, Windows 10 ќе биде поддржан само со месечни безбедносни надградби до октомври 2025 година, кога официјално ќе заврши поддршката. Се разбира, има некои продолжени изданија за поддршка кои ќе добиваат ажурирања и после тоа.
Microsoft ги повикува корисниците да се надградат на Windows 11, бидејќи Windows 10 нема да добие нова функционалност. На крајот на краиштата, Windows 11 е достапен повеќе од една и пол година, така што не е изненадување што постепено ќе ја укине поддршката за Windows 10.
Претходниот оперативен систем дебитираше во 2015 година. Потсетуваме дека Microsoft ја прекина дигиталната продажба на Windows 10 во јануари.