Извршниот директор на Honor, Жао Минг вели дека клиентите го избираат iPhone поради iOS, па затоа ќе се стремат да го подобрат MagicOS за да го надминат Apple
За време на настанот на Honor во центарот за истражување и развој во Шенжен, извршниот директор на компанијата, Жао Минг, откри дека планираат да му зададат остар удар на iOS на Apple.
Имено, Минг истакна дека iPhone на Apple има инфериорен хардвер, застарен дизајн, слаб прием на сигнал и слабо траење на батеријата во споредба со многуте мобилни телефони со Android. Но, како што вели, корисниците масовно го купуваат iPhone поради iOS и целиот екосистем.
„Кога станува збор за Apple, сите велат дека хардверот на Apple не е добар, дека сигналот е лош, дека батеријата е слаба. Сите го препознаваат тоа. Но, причината зошто е скап лежи токму во тоа што Apple има iOS и свој екосистем кој може да ги покрие сите недостатоци и проблеми“, тврди Минг.
Имајќи го ова на ум, Минг истакнува дека Honor дополнително ќе го подобри својот MagicOS и ќе се стреми да создаде корисничко искуство споредливо со iOS. Според него, тоа треба да доведе до тоа Honor да го надмине Apple во однос на флуентноста на оперативниот систем, пишува GSM Arena.