Научници од Универзитетот во Мичиген во САД открија необичен бран на активност во мозоците на две лица додека умирале, што може да биде објаснување за феноменот на искуства блиску до смрт (Near deatx Experience – NDE).
Сè уште немаме многу информации за тоа што точно се случува во мозокот во последните моменти од нашиот живот. Само минатата година, за прв пат, експертите детално ги снимија мозочните бранови на лице што умира и забележале скок на еден конкретен тип на мозочна активност, гама бранови, заедно со промените на другите фреквенции.
Во новата студија, научниците, исто така, забележаа сличен наплив на краткорочна гама активност кај двајца од четворица пациенти на кои им беа сиклучени апаратите за одржување во живот, пишува Science Alert.
Објаснување за NDE?
Од 2013 година, неврологот Џимо Борџигин и неговите колеги бараат паралели помеѓу последните моменти на човечкиот мозок и резултатите од експериментите врз стаорци кои биле индуцирани во срцев удар. Тие веруваат дека овие минливи блесоци на мозочна активност, кои се случуваат кога субјектите веќе очигледно не се свесни за она што се случува околу нив, би можеле да го објаснат феноменот NDE.
Тимот анализираше смртни случаи во одделението за невроинтензивна нега од 2014 година во болницата на Универзитетот во Мичиген. Кај двајца од четворицата коматизирани пациенти кои починале додека лекарите сè уште ја следеле нивната состојба по срцев удар, снимките од ЕЕГ откриле силен излив на гама бранови во еден дел од мозокот кој подоцна се проширил на двете хемисфери.
Експертите потврдија дека не станува збор за некаков напад, поради што научниците веруваат дека тоа се последните изливи на свеста за околината. Имено, почетниот бран на гама бранови бил лоциран во областа на мозокот што се смета за центар на таканаречените нервни остатоци од свеста.
Потребни се дополнителни истражувања
Сличен модел на активност е забележан за време на спиењето и кај пациенти со напади кои пријавиле дека доживеале халуцинации и искуства надвор од телото. Овој дел од мозокот вклучува сензорни области, што може да објасни зошто искуствата блиску до смртта што ги известуваат луѓето се толку живописни.
Се смета дека комуникацијата помеѓу мозочните хемисфери е исто така суштинска за потсетување. Ниту еден од набљудуваните пациенти не преживеал и не можел да каже што точно видел, почувствувал или доживеал во последните мигови од животот.
Сепак, не сите експерти се убедени дека искуствата надвор од телото се поврзани со краткотрајната средба со смртта и веруваат дека тоа попрво би можело да биде невролошка реакција на недостатокот на кислород во мозокот.
Тоа не го негираат ниту научниците кои работеле на новото истражување.
„Не можеме да ја исклучиме можноста дека овој гама бран е знак на патолошки процес специфичен за фазата на умирање и не е поврзан со свесното процесирање“, пишуваат Борџигин и неговите колеги.
Истражувањето Surge of neurophysiological coupling and connectivity of gamma oscillations in the dying human brain беше објавено во списанието PNAS.