Платформата за онлајн запознавање Tinder ќе работи во Русија до 30 јуни, по што ќе престане со работа, беше објавено денеска на веб-страницата на компанијата Match Group.
„Нашите брендови преземаат чекори за ограничување на пристапот до нивните услуги во Русија и ќе го завршат своето излегување од рускиот пазар до 30 јуни“, се вели во соопштението, пренесе ТАСС. Tinder работи преку мобилни апликации за паметни телефони.
Match Group, покрај Tinder, ги поседува и Match.com, Meetic, OkCupid, Hinge, PlentyOfFish, Ship и OurTime.