Џефри Хинтон, човекот кој го нарекуваат „кумот на вештачката интелигенција“, а кој досега ја извршуваше функција потпретседател на Google си даде отказ од компанијата
Во интервју за „Њујорк тајмс“ тој откри дека ја поднел оставката за да предупреди на ризиците поврзани со технологијата. Хинтон е загрижен дека Google се откажува од својата претходна воздржаност кога станува збор за јавните форми на вештачката интелигенција во обид да се натпреварува со ChatGPT и слични модели, притоа отворајќи ја вратата за многу етички проблеми.
Хинтон е загрижен дека во блиска иднина вештачката интелигенција би можела да доведе до бран од дезинформации. Тој е загрижен и дека ќе се елиминира макотрпната работа на луѓето, но и целосно ќе бидат заменети одредени професии. Според него, постои можност за создавање целосно автономно оружје, а можеби нема да може да се спречи ескалација без прописи и развој на соодветна контрола.
In the NYT today, Cade Metz implies that I left Google so that I could criticize Google. Actually, I left so that I could talk about the dangers of AI without considering how this impacts Google. Google has acted very responsibly.
— Geoffrey Hinton (@geoffreyhinton) May 1, 2023
Тој открил дека неговиот став почнал да се менува минатата година кога неколку технолошки компании почнале да создаваат системи за кои верува дека понекогаш се посупериорни од човечката интелигенција.
„Страшно е тоа што би можело да се случи во следните пет години“, изјавил тој.
Хинтон ја посветил кариерата проучувајќи невронски мрежи кои често се клучни за вештачката интелигенција, а најпознат е по создавањето систем за препознавање објекти во 2012 година.
Geoffrey Hinton, an AI pioneer, quit his job at Google, where he has worked for more than decade, so he can freely speak out about the risks posed by AI.
“It is hard to see how you can prevent the bad actors from using it for bad things,” he said.https://t.co/M2TlIHxZBv
— The New York Times (@nytimes) May 1, 2023