Apple првпат објави јавно ажурирање за Rapid Security Response (RSR). Традиционално, овие типови надградби се наменети за програмерите и корисниците со бета верзии на оперативните системи.
Станува збор за iOS 16.4.1 и iPadOS 16.4.1, кои ќе бидат означени со (а) при прегледување на тековната верзија на вашиот уред. Стандардно, овој тип на ажурирање се применува автоматски и во повеќето случаи не е потребно рестартирање.
Со нив се додаваат важни подобрувања во областа на безбедноста, особено во случаи кога има потреба од побрза реакција. Случајот не ја наведува конкретната закана што е отстранета.
Идните RSR надградби ќе бидат достапни за корисниците со најновите верзии на iOS и iPadOS.