Huawei, ZTE и Boe сакаат да го создадат најдобриот OLED дисплеј со скриена предна камера и да го сместат во претстојниот Huawei Mate X4
Според новиот извештај на Digital Chat Station, Huawei, ZTE и BOE се здружија за да го создадат најдобриот OLED дисплеј со скриена предна камера. Првиот мобилен телефон кој ќе ја користи оваа подобрена технологија од кинеските компании ќе биде претстојниот Huawei Mate X4.
Треба да се напомене дека Mate X4 нема да биде првиот флексибилен смартфон со предна камера под екранот. Galaxy Fold 4 дебитираше со слична технологија на екранот, но Samsung навистина не се прослави во овој поглед. Камерата навистина беше добро скриена, но квалитетот на фотографииите беше под просекот, особено за уред со оваа цена.
Како што пренесува GSM Arena, Huawei, ZTE и BOE тврдат дека новиот, таканаречен Q8 OLED екран, конечно ќе ги реши овие проблеми. Повеќе детали за спецификациите на дисплејот засега не се познати, но се „шпекулира“ дека ќе има резолуција од 2.480 x 1.116 пиксели и дека ќе користи високофреквентно PWM затемнување од 1.440 Hz.