Microsoft работи на сопствен ARM процесор со оптимизација за оперативниот систем Windows 12, ссо цел поуспешно да се натпреварува со M серијата процесори на Apple.
Одлуката на Apple да ги базира своите уреди исклучиво на процесори кои се резултат на сопствен развој се покажа како добра одлука која особено се одрази на Mac компјутерите. Уредите добија подобри перформанси и во истовреме станаа поефикасни во поглед на потрошувачката на енергија, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе. Според последните информации, поучени од овој пример, на сличен чекор се решиле и во Microsoft . Поточно, Microsoft реши да направи свој процесор базиран на ARM архитектурата.
Најновите информации велат дека Microsoft веќе интензивно работи на сопствен AMR чип, кој ќе биде специјално оптимизиран за работа со оперативниот систем Windows 12. од друга страна, новиот Windows 12 ќе биде специјално прилагоден за максимално искористување на ефикасноста на новиот хардвер на Microsoft.
Според информациите објавени од Windows Latest, Microsoft работи на сопствена прилагодена верзија на ARM процесор, а во исто време ја оптимизира следната верзија на оперативниот систем Windows 12 која ќе работи „рака под рака“ со хардвер развиен под истиот покрив.
Компанијата од Редмонд неодамна објави неколку огласи за работа кои меѓу редови зборуваат за идните планови на компанијата. Огласите за работни места вклучуваат главен архитект на SoC решенија, главен инженер за дизајн, виш инженер за верификација на физички дизајн и виш CAD менаџер. Според оваа листа, може да се заклучи дека Microsoft сака да дизајнира нови процесори врз основа на принципот на перформанси и ефикасна потрошувачка на енергија.
Microsoft дефинитивно учи од примерот на својот најголем конкурент – Apple. Нивните чипови се изградени на начин што го надополнува софтверот. Со М серијата чипови на Apple и оптимизираниот софтвер за macOS, корисниците ја добиваат најдобрата комбинација на перформанси и траење на батеријата со MacBook лаптопите. Исто така, оваа комбинација обезбедува поголема контрола врз хардверот кога станува збор за перформансите и енергетската ефикасност. Во моментов, Apple работи на развој на M3 процесор базиран на архитектурата на TSMC од 3nm. Поучен од ова, Microsoft развива нов Windows 12 со оптимизација прилагодена на дизајнот на неговиот иден процесор.
Windows 12 се очекува да биде објавен некаде следната година. Ќе има многу функции кои треба да ги искористат предностите на новите процесори на Microsoft. Оперативниот систем од следната генерација потенцијално би можел целосно да ја искористи приспособената архитектура на ARM во однос на карактеристиките фокусирани на вештачката интелигенција, пренесува wccftech.
Имајте на ум дека сè уште е рано за заклучок, бидејќи Microsoft го има последниот збор. Покрај тоа, Apple е далеку понапред во целата игра кога станува збор за приспособени процесори за работа во рамките на сопствениот оперативен систем, но дефинитивно е добитна карта на која одлучи да заигра и Microsoft.