Неодамна се појавија наводни фотографии од претстојниот смартфон на преклопување, Motorola Razr 40 Ultra. Тие покажаа присуство на прилично голем надворешен екран, но сега има и податоци за некои од главните карактеристики на уредот.
Изгледа дека тeлефонот ќе го користи претходниот водечки чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, кој ќе биде комбиниран со до 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање. Главниот екран е AMOLED со стапка на освежување од 120 или 144 херци и резолуција од 1080 x 2640 пиксели. Помошниот екран е со дијагонала од 3,5 инчи со резолуција од 1056 x 1066 пиксели.
Главната камера може да вклучува 12MP Sony IMX563 сензор и 13MP SK Hynix Hi1336 со ултраширокоаголен објектив. Во внатрешноста на преклопниот екран ќе има сензор од 32 MP OmniVision OV32B40. Телефонот ќе биде достапен во три варијанти на бои, црна, сина и Barberry.
Razr 40 Ultra ќе има батерија со капацитет од 3640 mAh и брзо полнење до 33 вати. Во однос на софтверот, телефонот ќе го покренува Android 13 со My UX.
Фотографии го прикажуваат големиот надворешен екран на Motorola Razr 40 Ultra