Потрошувачкиот кредит со животно осигурување и полиса од незгода на Халкбанк АД Скопје е единствен вид на кредит кој на кредитобарателите им пружа дополнителен слој на заштита.
Ова е производ кој обезбедува целосна заштита на корисникот и неговото семејство и е со фиксна каматна стапка од 6% за првите две години. За остатокот од периодот се пресметува варијабилната каматна стапка која изнесува 4,5% пп + референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментов изнесува 4,75% (9,25% номинална годишна), не пониско од 6%.
За овој кредит, максималниот износ на одобрени средства е 1.500.000 денари, а максималниот рок на враќање е до 120 месеци. Истиот е без провизија за обработка или во случај на негова предвремена отплата. Новиот потрошувачки кредит е идеален за финансирање на најразлични потреби на граѓаните, но може да биде добредојден и за рефинансирање на постојни кредити во други банки, со што може да се добие и значително намалување на месечните рати.
Трошокот за полисата за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, која е задолжителна за овој тип кредит, е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот, додека пак, задолжителната полиса од незгода е издадена од Халк Осигурување АД Скопје и изнесува 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.
„Потрошувачките кредити секогаш се најбарани производи бидејќи служат за задоволување на најразлични потреби – купување материјални добра, плаќање различни услуги или едноставно за пребродување на одредени периоди во животот, како последица на најразлични кризи. Токму со цел да му се помогне на населението, Халкбанк го креираше новиот производ – Потрошувачки кредит во пакет со животно осигурување и полиса од незгода со ниска каматна стапка од само 6% која е фиксна за првите две години. Кај овој производ го вклучивме пакетот со животно осигурување и полиса од незгода за обезбедување сигурност на граѓаните во отплатата“, велат од Халкбанк.