ThinkPad Z13 е бизнис компјутер со традиционална тастатура, издржлива батерија, но овојпат со посебно внимание посветено на дизајнот и употребените материјали.
Lenovo ThinkPad е една од најпопуларните серии на бизнис компјутери кои станаа препознатливи по нивната издржливост, квалитетна тастатура, црвен TrackPoint за навигација и генерално добри перформанси и батерија.
Кај Z13 серијата, Lenovo ги надгради овие карактеристики преку дизајнот и различните опции на употребените материјали. Како што може да се добие хардвер од Ryzen 5 до Ryzen 7 6850, како во случајот со овој конкретен модел, SSD дискот оди до терабајт, RAM меморијата до 32 GB, но и користените материјали, од брусен алуминиум до надградби во вид на покривот од стилизирана кожа.
Опции постојат и кај изборот на екранот, па со пониска цена како оваа од 1832 евра ќе добиете IPS екран со прилично добра осветленост од 400 cd/m2. Екранот има опција за помала емисија на сина светлина, а со 13,3 инчи има резолуција од 1920 x 1200 пиксели и покрива 100% од sRGB спектарот. Најскапите варијанти на моделот Z13 доаѓаат со OLED екран со поголема резолуција од 2880×1800 пиксели и поддршка за Dolby Vision. IPS екранот е со сооднос 16:10, кој сега преовладува како тренд кај лаптопите, а овозможува малку поголема работна површина и е добар за работни задачи. Станува збор за серија со помали димензии, додека оние на кои им треба сличен уред можат да се одлучат за поголемите Z16 модели.
Уредот има целосно метално алуминиумско куќиште. Рабовите околу екранот се тенки и целата серија има мали димензии во доменот со конкурентите како моделите Dell XPS 13 Plus или MacBook Air. Lenovo користеше рециклиран алуминиум и веганска кожа направени од рециклирана пластика.
Во внатрешноста најмногу може да се види традицијата на серијата ThinkPad, бидејќи покрај логото што тоа го открива, има и препознатлива тастатура во која се уште е сместен TrackPoint. Црвениот додаток на тастатурата добро познат на љубителите на серијата овојпат има дополнителна функционалност каде со двојно допирање се отвора брзо мени за алатки за комуникација. Можно е да ги прилагодите поставките на камерата, да го исклучите звукот на микрофонот и поставките за намалување на шумот. Инаку, ThinkPad Z13 има веб камера од 1080p која има IR можности за логирање во Windows Hello. Самата камера се наоѓа во мало испакнување на горниот дел од екранот, детаљ што дополнително го разликува овој модел од конкуренцијата. Под тастатурата се наоѓа тракпад заштитен со стакло, кој во оваа верзија нема физички копчиња.
Она што е малку изненадувачки е изборот на интерфејс, па така ThinkPad Z13 има само два USB C порта заедно со аудио влез од 3,5 мм. Нема мрежем слот за Ethernet, а бидејќи конфигурацијата е базирана на AMD, нема ниту поддршка за Thunderbolt. Сепак, Lenovo вклучи адаптер за HDMI во пакетот. Од друга страна, Z13 има поддршка за WIFi 6E и Bluetooth 5.2, а со мониторот може да го поврзете и преку USB-C портот.
Во компактното деловно куќиште со премиум материјали се наоѓа процесорот AMD Ryzen 7 Pro 6850U, кој има осум јадра и 16 нишки. Овој модел има 16 GB работна меморија и 512 GB SSD, а можно е да се најдат и поопремени модели.
Во превод, тоа значи дека ќе имате перформанси на исто ниво или малку над остатокот од конкуренцијата што доаѓа со процесорите Intel i7 или Apple M2. Во исто време, со ThinkPad Z13 ќе добиете повеќе од 17 часа траење на батеријата, што го прави ова навистина ултра пренослива алатка за целодневна работа. Има и поддршка за брзо полнење на батеријата, а интегрираната AMD графичка картичка е значително подобра од вградените решенија на Intel и ќе биде доволна за играње на скромни поставки.
Што се однесува до звукот, уредот доаѓа со стерео звучници и поддршка за Dolby Atmos, како и надворешни слушалки. ThinkPad има вградено и два микрофони кои поддржуваат Dolby Voice.
Како заклучок, се работи за моќен модел кој користи квалитетни материјали во својата конструкција, со препознатлива тастатура за серијата, IPS или OLED екран со релативно висока осветленост. Лаптопот е лесен и со долготрајна батерија, но сепак може да биде сигурен деловен придружник.