Според нецелосните графикони што ги прикажа AMD, Ryzen 7840U го надминува M2 SoC на Apple, како и i7-13650P на Intel.
AMD го претстави Ryzen 7840U, чипсет за лаптопи, кој според нивните тврдења, го надминува M2 чипот на Apple. Станува збор за чипсет кој оваа година веќе ќе се најде во преносните компјутери на Acer, Framework, HP, Lenovo и Razer.
И покрај тврдењата на AMD за високи перформанси, компанијата не прикажа никакви конкретни податоци освен нецелосни споредбени графикони, каде што воопшто не е јасно кои задачи се споредуваат и во која програма.
Може да се види дека Ryzen 7840U на AMD го надминува M2 на Apple во „перформанси на апликации“ до 75 проценти, а исто така го надминува и i7-1360P на Intel. Подолу приложуваме споредбени графикони.
Менаџерот за односи со јавноста на AMD, Мет Хурвиц откри за The Verge дека новиот Ryzen 7840U нуди 24 проценти подобрување на перформансите во однос на нивниот 6850H. Тој истакна и дека новиот SoC обезбедува „водечка ефикасност за исклучително траење на батеријата“, но повторно, ништо конкретно не беше покажано за ова да бие потврдено.
Повеќе информации за траењето на батеријата и FPS во видео игрите се очекуваат во наредните недели.