После две успешни конференции во Скопје и една во Приштина, DevCon се враќа повторно во Скопје, со посебен акцент на теми за развој на веб и мобилни апликации.
Присуството е бесплатно, регистрирајте се на следниов ЛИНК.
DevCon е бренд под кој се одржуваат конференции „од ИТ заедницата за ИТ заедницата“, овозможувајќи им на локалните и меѓународните ИТ професионалци да се вмрежуваат, дружат и да споделуваат знаење за најновите трендови во развој на веб и мобилни апликации.
За овогодинешното издание, 8 говорници ќе зборуваат на различни теми, односно ќе ги слушнеме македонските претставници Гоце Кабов, Стефан Блажевски, Никос Калензис, Дарко Божиновски и Боро Ситниковски, како и Иан Лесневски од Бугарија, Егзона Власалиу од Косово и Китсон Бродхарст од Обединетото Кралство.
Целосната агенда на настанот како и повеќе информации за самата конференција може да се прочитаат на официјалниот веб сајт.
„Чест ни е што по трет пат сме домаќини на оваа конференција во Скопје. Истата е посветенa на споделување искуства и информации за најновите случувања во ИТ сферата. Покрај тоа, сите знаеме колку се драгоцени овие можности за вмрежување и дружење.” Изјави Петар Баковски, управен директор во Melon, part of Kin + Carta.
Не пропуштајте, 13 мај, сабота во 09:00 часот, МКЦ Скопје (кино Фросина).
DevCon е меѓународна ИТ конференција, а кај нас годинава е поддржана со организација од компаниите Melon и Frakton, двете дел од Kin + Carta, и Tarmac.
Поддржувачи на настанот се и Women in Tech Macedonia, Marketing 365 и Konekt.mk
Melon е компанија за развој на софтверски услуги основана во 2003. Во 2022, Мелон стана дел од Kin + Carta, динамичен екосистем со повеќе од 2.000 програмери и креативци. Нивните инженерски тимови нудат експертиза за развој на веб и мобилни апликации, инженерство на податоци, машинско учење, DevOps и UX/UI.
Основана во 2007 година, Frakton е компанија за развој на софтверски услуги со седиште во Приштина со силна репутација – и како работодавец и како давател на услуги за развој на верб и мобилни софтверски решенија за големи меѓународни компании. Во 2022, Фрактон исто станува дел од Kin + Carta.
Tarmac е глобална компанија за развој на софтвер која им помага на бизнисите да дизајнираат, градат и поддржуваат исклучителен софтвер. Со канцеларии во Уругвај, Аргентина, Бразил, Македонија и Холандија, нивниот глобален тим од 300+ е cпецијализиран за креирање софтверски решенија, вклучувајќи DevOps, UX/UI, автоматско тестирање, управување со производи и инженерство на податоци.