Google воведе новитет кој на корисниците ќе им овозможи да проверат дали страницата којашто им го испратила мејлот е проверена или станува збор за измама.
Кога ќе стигне мејл од компанија која го верифицирала својот идентитет, корисникот во своето дојдовно сандаче ќе види сина ознака покрај името на испраќачот. Оваа изнака е дел од најновата имплементација на технологијата Message Identification (BIMI). Google почна да ја тестира BIMI во Gmail уште во 2020 година и на почетокот овозможи брендовите кои се вклучени во BIMI да додадат автентицирани логотипови во своите имејлови, но сината ознака можеви е поочигледен показател дека испраќачот е легитимен.
Кога корисникот ќе помине со курсорот преку сината ознака во Gmail, ќе види pop-up прозорец со пораката „Испраќачот на овој имејл е проверен дека поседува сопствен домен и лого во сликата на профил“. Pop-up пораката вклучува и линк кој корисникот го насочува кон страница со повеќе информации.
„Идентификацијата на мејлови им помага на корисниците и на безбедноснните системи за мејлови да го идентификуваат и да го стопираат спамот, а исто така овозможува и испраќачите да ја искористат довербата во нивниот бренд. Ова ја зголемува довербата во изворите на имејловите и на примателите им дава подлабинско искуство така што креира подобар имејл екосистем за сите“ се вели во соопштението на компанијата.
Оваа функција треба да биде достапна за сите корисници до крајот на оваа недела, додека администраторите на Workspace можат да помогнат во поставувањето на BIMI за својата компанија.
Gmail на овој начин го враќа елементот на доверба во сината ознака, која некогаш беше прилично јасен показател дека личноста, бренодт или бизнисот се всушност вистински. За разлика од Twitter, изгледа дека Google нема да ја искористи сината ознака за создавање на поголем профит.